Организаторите на Вимблдон денеска излегоа  со серија информации во врска со организацијата на Грен Слем турнирот оваа година. Вимблдон е планиран да се одржи од 28 јуни до 11 јули.

Капацитетот за седење на трибините ќе биде најмалку 25% и ќе зависи од препораките на владата, како и од можното олеснување на ограничувањата по 21 јуни.

„Се надеваме дека 25% е минималниот процент што можеме да си го дозволиме. Што повеќе љубители на тенисот треба да присуствуваат на нашите натпревари. Финансиската страна на турнирот е исто така важна“, рече Сали Болтон, извршен директор на турнирот.

Минатата година натпреварот не се одржа за првпат од 1945 година, а титулите последен пат во 2019-тата ги освоија Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп.