Втората светска тенисерка од Белорусија, Арина Сабаленка, објави дека е вакцинирана против коронавирус.

Таа го направи тоа откако мораше да го пропушти турнирот во Индијан Велс минатиот месец поради инфекција со Ковид.

„Бев вакцинирана со вакцината Џонсон и Џонсон во Мајами. Се надевам дека сега сум безбедна, бидејќи не сакам повеќе да бидам во карантин“, рече таа пред почетокот на завршниот турнир, на кој учествуваат осумте најдобри тенисерки  и парови во Гвадалахара, Мексико.

Сабаленка напомена дека не можела да оди четири дена откако била заразена со коронавирус.

„Десет дена сум во собата. Правев неколку вежби, но тоа не е доволно. Немав сетило за вкус и мирис, тоа не е нешто што би сакале, навистина неможев да одам четири дена„

Ова е пресврт што се однесува до нејзиниот став за вакцинацијата, бидејќи пред тоа таа се сомневаше колку брзо е развиена вакцината и која би била најдобра за неа.