Контраверзниот австралиски тенисер Ник Киријос повторно крена прашина по изјавата дека тој повеќе сака да се забавува, отколку да освои некој Грен Слем.

„ Не ми е цел да освојам Грен Слем. Не сум ни сигурен дали моето тело може да издржи толку мечеви на три до четири сета. Јас сакам да се забавувам. Луѓето спортот го сфаќаат многу сериозно, затоа јас сакам да испијам пиво и кулирам“- истакна Ник.

Тој во својата кариера досега има шест титули во Марсеј, Атланта, Токио, Бризбејн, Акапулко и Вашингтон.