Александер Зверев го освои златниот медал на машкиот тениски турнир во сингл конкуренција на ЛОИ во Токио, откако во финалето го совлада Карен Качанов со 2:0 (6:3 и 6:1).

За еден час и 21 минута, Германецот дојде до победата откако Казахстанецот не покажа моќ за вистински да му се спротистави.

За Зверев ова е најголем успех во кариерата, откако претходно се израдува на пехарот на АТП Мастерс во 2018 година.

Бронзениот медал го освои Карено Буста кој во битката за третото место го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1.