Првиот натпреварувачки ден на Вимблдон во машка конкуренција не помина без изненадување/ Италијанецот Томас Фабиано го елиминира шестиот носител на Вимблдон, Стефанос Циципас со 3-2 во сетови (6-4, 3-6, 6-4, 6-7/8, 6-3).

Уште поголемо изненадување беше елиминацијата на Александар Зверев од чешкиот тенисер Jиржи Весели со 3-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-4, 6-2).

Во второто коло кај мажите пласман обезбедија уште Пела, Вердаско, Куавас и Карловиќ.