Германецот Александер Зверев ќе игра против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Зверев во четвртфиналето го елиминираше Шарди со 6:4 и 6:1. Во второто полуфинале кај мажите утре ќе играат Карено Буста и Карен Хачанов.

Кај дамите во финалето во борба за златниот медал ќе одмерат Белинда Бенчиќ и Маркета Вондрушова додека за бронзениот медал ќе играат Свитолина и Рибакина.