Откако го елиминираше Ѓоковиќ во полуфиналето, Зверев при средбата со новинарите доби прашање кое не му се допадна и реагираше импулсивно.

„Дали ви е жал што Новак ја изгуби шансата за златен слем? Само што го победив Ѓоковиќ а вие тоа ме прашувате? Ѓоковиќ има 20 грен слем титули, тоа е најдобар во светот, но сега јас победив и среќен сум поради тоа.“ – изјави Зверев.

Тој во финалето на ЛОИ во Токи ќе игра против Качанов, додека Ѓоковиќ ќе се сретне со Буста утре од 8 часот наутро со преност на МТВ 1.