Младиот германски тенисер, Александар Зверев, како и многумина, е импресиониран од перформансите кои се уште ги нудат Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Откако Надал освои титула на УС ОПЕН, и дојде до броката од 19 Гренд Слем титули, Зверев е вчудоневиден од нивото на игра кое го прикажа шпанецот.

Ова е лудо навистина, можеби никогаш нема да доживееме нешто слично во тенисот. Тие се посебни играчи затоа и играат најдобро во најтешките моменти. Надал и Федерер во такви случаеви стануваат скоро непобедливи, а неверојатно е и она што го можат Ѓоковиќ и Мареј“. Сакам да пронајдам начин на кој можам да ги победувам и да бидам подобар од нив. Погледнтете го само Надал, доколку е здрав, може да освои уште 10 титули на Ролан Гарос, или Новак Ѓоковиќ, кој кога го отпишувате, тој тогаш ве демантира“, рече Зверев.