Преку социјалните медиуми, македонскиот скијач, Антонио Ристевски обзнани дека става крај на професионалната кариера заблагодарувајќи им се на сите кои му помагале во годините наназад за да ги оствари резултатите кои го однесоа на 3 олимпијади, светски првенства и на останатите турнири на кои учествуваше во последните 20 тина години.

Ристевски во иднина ќе биде дел од трениерскиот тим на нашата репрезентација, потврдија од скијачката федерација.