Кинески фенер и мече Панда се официјалните маскоти за зимските Олимписки игри во Пекинг 2022 година, официјално потврди Меѓународниот Олимписки Комитет.

Маскотите беа презентирани во Пекинг кој по летните ќе биде организатор и на зимските Олимписки игри од 4-20 февруари 2022 година.

Пандата се смета за Национално богатство во Кина и беше маскота и на летните игри во 2008 година, означува искреност и здравје. Црвениот фенер ја претставува традицијата во Кина.