Поранешната светска шампионка во сноубординг Жули Помагалски загина при спуст на Алпите.

Жули се спуштала со сноуборд на Алпите, во близина на Андермата, кога се појавила лавина.

Лавината ја затрупала екс шампионската на која и немало спас. Загинал и спасувач на Горската служба.

Помагалски беше светски шампион во 1999 година на само 19 години и учествуваше двапати на Зимските Олимписки игри.