Полјакот Камил Штох стигна до трет триумф, на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ и влезе во легендите на престижното натпреварување.
Штох триумфираше во австриски Бишесхофен со скокови од 139 и 140 скокови. Второто место му припадна на Норвежанецот Мариус Лидвик, додека третопласиран заврши Карл Гајгер од Германија.
Полјакот со ова постигнување е петтиот во историјата кој успеал најмалку три пати да се радува на трофејот.
Comments are closed for this post.