Французинката Клара Дире е сензационална победничка на паралелниот велеслалом што денеска се возеше во италијанскиот ски центар Сестриере.

Дире во финалето ја совлада Австријката Елиза Мерцингер со разлика од 0,22 стотинки. На третото место се пласираше Италијанката Марта Басино, која заврши пред сонародничката Федерика Брињоне. Петта е Софија Гоџа која беше подобра од Кристин Лисдал.

Претходно отпаднаа главните фаворити Петра Влхова, Алис Робинсон и Микаела Шифрин.

Во генералниот пласман за Светскиот куп, сега Шифрин има 975 бода, втора е Петра Влхова со 726, а трета е Федерика Брињоне е со 715 бода.