Французинот Клемен Ноел е победник на денешната слаломска трка, што се возеше во швајцарскиот ски центар Венген.

Ноел победи благодарејќи на одличното прво возење и, иако имаше нешто послаба втора трка, оствари вкупен резултат од 1:46.43 минути.За французинот ова е втора победа сезонава, а петта во кариерата. Интересно, сите ги оствари во слалом трки.

На второто место денеска се пласираше Норвежанецот Хенрик Кристофересен, со време 1:46.83, а како трет заврши Русинот Александар Хорошилов, со 1:47.26 минути.

Во генералниот пласман води Кристоферсен со 691 дод, пред Пентиро со 613 и Александер Омот Килде со 591 бод.

Во дисциплина слалом исто така води Кристоферсен со 402 бода, пред Ноел со 340 бода.