Полјакот Давид Кубацки победи на втората станица од четирите новогодишни скокалници, тој со рекорд од 144 метри триумфираше во Гармиш-Партенкирхен.
Традиционално Гармиш-Партенкирхен е домаќин на 1 јануари на втората станица, Кубацки победи со скокови од 139,0 во првата и 144,0 во втората серија што е рекорд на скокалницата.
Второто место го освои Халвор Егнер Гранеруд од Норвешка, третото место го освои Пјотор Жила од Полска.
Следната трета станица на „Четири скокалници“ е Инсбрук на 3 јануари.
Comments are closed for this post.