Прославениот хрватски скијач, Ивица Костелиќ, мина низ лична драма за време на вчерашниот земјотрес во Загреб.

Неговата сопруга Елин, среде пандемијата на Коронавирусот, в петок роди близначиња и се подготвувала да ја напушти болницата кога се случи силниот земјотрес.

Сите родилки веднаш ја напуштија болничката зграда, а меѓу нив беше и Елин, со двете бебиња в раце на студено време. За среќа брзо пристигнаа другите членови на семејството и ја одведоа Елин со децата.

„Незгодно е тоа што во истиот момент снема и струја. Можам да замислам што чувствуваа мајките кои во тој момент беа одвоени од своите бебиња или пак беа приклучени на апарати. За среќа нашите бебиња во тој момент беа кај Елин, па таа помалку шокантно го преживеа сето тоа“, рече Костелиќ.