Микаела Шифрин ја потврди доминацијата во слалом, откако убедливо славеше на трката од Алпскиот светски скијачки куп во најтехничката дисциплина во Килингтон.

За неа ова е втора слаломска победа сезонава, а вкупно 62. триумф во кариерата. Американката се израмни со  Анемари Мосер-Прел на четвртото место на вечната листа според бројот на успеси на трките од Светскиот куп. Пред неа се само Ингемар Стенмарк со 86, Линѕи Вон  со 82 и Марсел Хиршер со 67.

Со максимални 200 бода, Шифрин е водечка во поредокот за слалом, а исто така во генералниот пласман е лидерка со 340 бода пред Мишел Гисин.