Швајцарскиот скијач Урс Кринбил има сериозни повреди по падот при спустот на Светскиот куп во Кицбил. Ноќта ја поминал во болница, а се очекува денеска да замине за Швајцарија.
Скијачкиот сојуз на Швајцарија објави дека Кринбил има тежок потрес на мозокот, скршеница на десната клучна коска и скинати лигаменти на десното колено, но е во свесна состојба.
Тешкиот пад Урс го доживеа при брзина од 146 км/ч на последниот скок непосредно пред целта.
Голем дел од скијачите и претходно барале укинување на тој последен скок за кој велат дека е предолг. Истакнуваат дека на истиот летаат со околу 80 метри со брзина поголема од 145 км/ч.
Comments are closed for this post.