Северна Кореја реши да не учествува на Олимписките игри во Токио, ова го соопшти Министерството за спорт на државата.

Причина за оваа одлука е пандемијата од коронавирусот, се наведува во соопштението, сакаат да ги заштитат спортистите.

Ова е прв пат од 1988 година Северна Кореја да бојкотира настап Олимписки игри, последен пат тоа се случи кога Сеул беше домаќин.

„Комитетот одлучи да не учествува на 32. Олимписки игри за да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од коронавирусот. На состанокот се дискутираше и за начините за развој на професионални спортски технологии, освојување медали на меѓународни натпревари и промовирање на јавен план за следните пет години“ – објавија од Министерството за спорт на Северна Кореја.