Повеќе од 20 тренери  на француската федерација во уметничко лизгање  се обвинети за сексуално злоставување, мобинг и насилство, соопшти француското Министерство за спорт.

Истрагата започнала во февруари годинава, по барање на министерството, откако десеткратната француска шампионка во уметничко лизгање Сара Абитбол објави во својата книга дека била сексуално злоставувана од нејзиниот тренер Жил Бејер, во периодот од 1990 до 1992 година, додека била тинејџерка.

Во рамки на истрагата , вкупно 12 тренери се обвинети за сексуално злоставување , од кои тројца се осудени на затворски казни. Седум други француски тренери по уметничко лизгање се обвинети за физичко или вербално насилство, додека други двајца тренери против кои била водена истрага во меѓувреме починале.

Аферата доведе до оставка на долгогодишниот претседател на француската федерација во уметничко лизгање Дидие Гајаг..