Алпските скијачи ќе ја отворат новата сезона во Светскиот куп за две недели во Солден.
Според програмата, премиерата е на 17 октомври со велеслаломот во женска конкуренција, по што следниот ден ќе се вози и машкиот велеслалом.
По ова ќе уследи речиси едномесечна пауза, кога скијачкиот караван се сели во Австрија со ноќниот паралелен велеслалом на 13 и 14 ноември.
Поради светската пандемија на коронавирус северноамериканската турнеја од Светскиот куп во новата сезона е откажана.
Comments are closed for this post.