Норвежанец Лукас Братен победи на премиерата од новата сезона во Светскиот куп во скијање која денеска беше отворена со велеслаломот во Солден.
20-годишниот Норвежанец оствари вкупно време од 2:14.41 и заврши прв со пет стотинки предност пред Швајцарецот Марко Одемат, додека на подиумот се искачи и неговиот сонародник Џини Кавиезел, кој зад Норвежанецот заостана 46 стотинки.
Братен никогаш досега во кариерата не се искачи на победничкиот пиедестал, а најдобар пласман му беше четвртото место во слаломот во Кицбил минатата сезона.
Comments are closed for this post.