Австриецот Винсент Крихмајер е победник на супервелеслаломот на светското првенство во Кортина Д’Ампецо.
За 29-годишниот Австриец од Линц, ова е прво злато на светските првенства, до него стигна со време 1:19,41, среброто го освои Бауман од Германија, додека Французинот Пантуро дојде до бронзата.
За Крихмајер ова е трет медал на светските првенства, а прв златен, во 2019 година, освои сребро во спуст и супервелеслалом.
Comments are closed for this post.