Денес на програмата на светското првенство во Кортина Д’Ампецо е спуст трката, кралска дисциплина на која брзината е препознатлив дел.

Голем инцидент се случи кога Германецот Ромед Бауман влезе на целната рамнина, ја загуби контролата и заврши во заштитната ограда.

Бауман стана, за среќа се извлече од посериозна повреда, но крвта на лицето говори за сериозниот инцидент, тој стартуваше со број 13, во тек е финишот на трката во атрактивната ски дисциплина.