Карл Гајгер е победник на првото натпреварување од овогодинешното израние на трандиционалните „Четири скокалници“.

Во Оберсдорф, Германецот славеше на свое тло откако успеа да прелета 127 метри во првата серија, додека во втората забележи скок од 136,5 метри.

До второто место дојде Камил Штох а трет беше Норвежанецот Линдвик.

Турнејата „Четири скокалници“ продолжува на 1 јануари во Гармиш Партенкирхен.