Кјетил Јансруд триумфираше на  трката во супервелеслалом во рамки на Светскиот Куп, која денеска се одржа во австриски Кицбил.

Норвежанецот до првото место стигна со време од 1:14.61 минута, додека второто место го поделија, домашниот натпреварувач Матијас Мајер и  Андре Омот Килде кои доцнеа само 16 стотинки во однос на Јансруд. Третото место му припадна на Кавизел.

Токму Мајер со денешната втора позиција се искачи на лидерската позиција во поредокот во супер-џи, додека Омот се наоѓа на второто место.

Утре во австрискиот ски-центар ќе се вози траката во спуст која е шеста годинава во Светскиот шампионат.