Швајцарецот Мауро Кавизел победи на трката во супер џи која денеска беше на програмата во „Вал Дизер“ .

Кавизел е актуелен шампион во супервелеслалом,  во францускиот ски-центар победи со време1:01,34 минути. Само 10 стотинки заостана Норвежанецот Адријан  Сејерстед, додека Кристијан Валдер од Австрија заврши како трет..

Ова беше прва трка сезонава во Супервелесалом, утре на програмата е спустот.