Швајцарката Корин Сутер го освои златниот медал во спуст на светското првенство во скијање, кое се одржува во Кортина Д’Ампецо.

Сутер ја победи конкуренцијата со време 1:34.27, освои златен медал, на второто место на подиумот се искачи Кира Вајдле од Германија која стигна до среброто, бронзениот медал и припадна на Лара Гут Бехрами од Швајцарија.

За Сутер ова е прво злато на светските првенства во спуст, има две сребра во супервелелсалом и спуст, и еден бронзен медал.