Швајцарката Лара Гут Бехрами е победничка на супервелеслаломот во Кортина д’Ампецоза неа ова е прво злато на светските првенства во скијање, иако има вкупно пет одличја од собирот на најдобрите, но прво со златен сјај.

На денешната трка, Гут ја победи конкуренцијата со време 1:25.51 пред сонародничката Корин Сутер и Американката Шифрин.

Во супервелеслалом, Гут-Бехрами има и сребро од Мундијалот во 2017 година кој се одржа во Сент Мориц.