Австриецот Штефан Крафт е победник на натпреварувањето во скијачки скокови пред домашната публика во Бад Митерндорф. Денот го одбележа рекордниот скок на Јапонецот Ејоју Кобајаши од 242,5 метри.

Организаторите поради лошото време ја скратија втората серија во која не се појавија првите тројца од првата. По ова победата му припадна на Крафт кој воедно е и лидер во генералниот поредок со 1273 поени пред Гајнер (1135) и Кобајаши (1045).