Полјакот Давид Кубацки победи на втората станица од четирите новогодишни скокалници, тој со рекорд од 144 метри триумфираше во Гармиш-Партенкирхен.

Традиционално Гармиш-Партенкирхен е домаќин на 1 јануари на втората станица, Кубацки победи со скокови од 139,0 во првата и 144,0 во втората серија што е рекорд на скокалницата.

Во генералниот пласман по првите две скокалнци прв е Гранеруд со 555 поени, втор е Гајгер со 551, трет е Штох со 548,3, четврти е Давид Кубацки со 546,4.