Французинот Алексис Пинтуро запиша нова победа во  велеслалом, триумфираше повторно во Аделбоден, трката ја одбележа и страотното излетување на Американецот Томи Форд во првата трка.

Пинтуро до триумфот дојде со вкупно време од 2:18,36 минути, место на подиумот имаше и за второпласираниот Филип Зубчиќ од Хрватска, додека Швајцарецот Лоик Мељар заврши како трет.

Французинот води во велеслалом со 440 бодови и има 40 повеќе од Марко Одермат. Денешната победа на Пинтруо беше во сенка на ужасното излетување од патеката на Томи Форд од Америка, кој со хеликоптер беше пренесен во локалната болница во Швајцарија.