Норвежанецот Даниел Андре Танде, имаше стравотен пад на Планица, каде овие четири дена се одвиваат завршните натпревари.

Танде ја загуби контролата, падна директно на главата, лекарите брзо реагираа, потоа беше пренесен во локална болница.

Норвежанецот е во добра состојба, јавуваат медиумите од Словенија, но сè уште е во болница на дополнителни испитувања.