Австриецот Винсент Крихмајер на златото од супервелеслаломот го придодаде и најсјајниот медал и од спуст, тој денес ја победи конкуренцијата на Мундијалот во Кортина Д’Ампецо.

Крихмајер запиша победа и го освои златниот медал со време 1:37.79, среброто во спуст му припадна на Германецот Сандер, додека Фојц од Швајцарија освои бронза.

На денешната трка сериозен инцидент во кој учествуваше Германецот Ромед Бауман, тој влезе на целната рамнина, ја загуби контролата и заврши во заштитната ограда.

Бауман стана, за среќа се извлече од посериозна повреда, но крвта на лицето говори за сериозниот инцидент, тој стартуваше со број 13.