Рјоју Кобајаши е победник на првата скокалница од традиционалната новогодишна турнеја „4 Скокалница“.

Во Оберсдорф тој славеше со скоковите од 138 и 134 метри и собра 305,1 поен. Кобајаши е минатогодишен победник на новогодишната турнеја и одлично ја започна одбраната на титулата.

Кобајаши стана и четврти скокач во историјата, кој успеа да победи на 5 едноподруго скокалници од новогодишната серија. Тој минатата година победи на сите четири скокалници Оберсдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен, а кон тоа ја додаде и денешната победа на Оберсдорф.

Пред него тоа им успеа уште и на Хелмут Рекагел (1958/59), Свен Ханавалд (2001/02) и Камил Штох (2017/2018).

Второто место денеска му припадна на Карл Гајгер, со скокови долги 135 и 134 метри, додека трет е Давид Кубацки, со скокови од 132 и 133 метри.